Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 13:17-25

Евреите 13:17-25 MK2006

Покорувајте им се на учителите ва­ши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас. Молете се за нас, зашто сме уве­ре­ни дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме. Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас. А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос, нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Не­му слава во вечни векови, Амин! Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив. Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам. Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија. Благодат со сите вас. Амин!