Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 12:24-29

Евреите 12:24-29 MK2006

и кон Исус, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата. Гледајте да не Го отфрлите Оној Кој зборува. Зашто, ако не останаа неказнети оние, што откажаа да му слу­жат на оној што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои Го отфрламе Оној, Кој зборува од небесата Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште ед­наш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото.“ Зборовите „уште еднаш“ оз­на­чу­ваат дека колебливото ќе се отстрани, та да остане само непоколебливото. И така, примајќи го непоколебливо­то царство, да искажеме благодарност со која ќе Му служиме на Бога благо­угодно со почит и во страв, бидејќи нашиот Бог е оган што из­горува.