Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 11:23-31

Евреите 11:23-31 MK2006

Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед. Со вера Мојсеј, кога порасна, се от­кажа да се нарече син на фараоновата ќерка и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади. Страдањето заради Христос го сме­таше за поголемо богатство, отколку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата. Со вера тој го напушти Египет не плашејќи се од царскиот гнев, зашто ве­руваше во Оној Кој не се гледаше, како да Го гледа. Со вера тој направи Пасха и по­прс­кување со крв, та истребувачот на прво­родените да не се допре до нив. Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, коешто се обидоа и Египќаните да го преминат, но се изда­вија. Преку вера паднаа ѕидовите на Ери­хон, откако беа обиколувани цели седум дена. Со вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонаклоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.