Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 11:1-40

Евреите 11:1-40 MK2006

А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа. Преку неа постарите добија све­дош­тво. Преку верата разбираме дека ве­ко­вите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото. Со вера Авел Му принесе на Бога по­добра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­ро­ви; преку неа, иако мртов, тој уште збо­рува. Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселува­њето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога. А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат. Преку вера Ное, откако беше пре­дупреден за она што уште не се гле­да­ше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на пра­ведноста по вера. Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што тре­баше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди. Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под ша­тори со Исак и Јаков, наследници на ис­тото ветување; зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог. Преку вера и самата Сара – иако беше неплодна, доби сила да зачне и, покрај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил. И така од еден, и тоа остарен, се ро­дија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег. Сите тие умреа со вера, не добивај­ќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени. Бидејќи оние што така зборуваат покажуваат дека бараат татковина. И ако ја беа имале на ум онаа тат­ковина, од која беа излегле, ќе имаа прилика да се вратат. Но тие сакаа подобра, односно не­бесна татковина; затоа и Бог не се сра­ми да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град. Авраам со вера го принесе како жртва Исака, кога беше искушуван; и тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син, за кого му беше речено: „По­том­ството од Исак ќе се нарече со твое име“; зашто тој сметаше дека е Бог силен и дека и мртви може да воскреснува и така да речам, го прими Исак воскреснат. Со вера Исак го благослови Јаков и Исав за иднината. Со вера Јаков на умирање го бла­гослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од жезолот свој.“ Со вера Јосиф на умирање спомна за излегувањето на синовите Израелови од Египет и им даде упатства за коските свои. Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед. Со вера Мојсеј, кога порасна, се от­кажа да се нарече син на фараоновата ќерка и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади. Страдањето заради Христос го сме­таше за поголемо богатство, отколку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата. Со вера тој го напушти Египет не плашејќи се од царскиот гнев, зашто ве­руваше во Оној Кој не се гледаше, како да Го гледа. Со вера тој направи Пасха и по­прс­кување со крв, та истребувачот на прво­родените да не се допре до нив. Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, коешто се обидоа и Египќаните да го преминат, но се изда­вија. Преку вера паднаа ѕидовите на Ери­хон, откако беа обиколувани цели седум дена. Со вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонаклоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат. И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Ге­деон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци, кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, зат­во­рија усти на лавови; угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски; жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и не прифатија ослободени, за да добијат подоб­ро воскресение; а други поднесоа подигрување и кам­шикување, па дури и окови и зат­вор; со камења беа убивани, со пила се­чени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам – тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пеш­тери и јами во земјата. И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното, зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршен­ство.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Евреите 11:1-40

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност