Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 10

10
Силата на жртвата Христова
1 # 7,19; 8,5; 3 Мојс 16,34; Кол 2,17 Бидејќи Законот ја има само сенката на идните добра, а не суш­тината на работите, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат. 2#9,9.26Инаку би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не ќе имаат веќе никаква свест за гревовите. 3#3 Мојс 16,21Но преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите, 4#7,18-19; 9,9.12-13; 10,1.11; Ис 1,11бидејќи не е можно телешката и ја­решката крв да ги однесе гревовите. 5#Пс 40,7-9Поради тоа, влегувајќи во светот, вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а тело Ми приготви. 6Сепаленици за гревот не Ти се угодни.“ 7#Мт 26,39Тогаш реков: „Ете, идам, напишано е за Мене во книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја.“ 8#Пс 40,7Кога погоре рече: „Жртви и дарови и сепаленици за гревот – што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“, 9#7,18-19; Пс 40,8.9а потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто. 10#2,11; 7,27; 9,14.28; 10,12.14; 13,12; Јн 17,19; Ефес 5,2.26; 1 Сол 4,3Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш. 11#2 Мојс 29,38И секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати ед­ни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите; 12#1,13а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога, 13и оттогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат поло­же­ни како подножје за нозете Негови. 14#7,25; 10,10Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совр­шени. 15#3,7И Светиот Дух ни посведочи, зашто, откако порано рече: 16#8,10.12; Ер 31,33.34„Ова е заветот што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој до­дава: 17„И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“ 18А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.
Да Му пристапиме на Бога
19 # 4,16; 9,8.12.25; Ефес 3,12 И така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат, 20#6,19-20; Јн 14,6што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело, 21#3,6; 4,14имаме Врховен свештеник над до­мот Божји. 22#4,16; 6,11; 9,14; 2 Мојс 29,4; 3 Мојс 16,4; Ез 36,25; Дела 22,16; Ефес 5,26; 1 Тим 3,9Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очис­тиме срцата од зла совест со попрскува­ње и откако ќе го измиеме телото со чиста вода. 23#4,14И да го држиме исповеданието на надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој се заветувал. 24#Тит 2,14И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, 25#3,13; 13,22; Дела 2,42; 1 Кор 3,13не изостанувајќи од собранијата ка­ко што некои имаат обичај, туку да се по­учуваме еден друг, и тоа во толку по­веќе, до колку гледате дека се прибли­жува судниот ден. 26#6,4-8; 4 Мојс 15,30; 2 Птр 2,20-21Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме да грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови, 27#9,27; Ис 26,11; Соф 1,18; 2 Сол 1,6-8туку страшно очекување на суд и јаростен оган што ќе ги проголта противниците. 28#5 Мојс 17,6Ако оној што го прекршил Мој­се­евиот закон, пред двајца или тројца сведоци безмилосно се казнува со смрт, 29#2,3; 6,4.6; 9,20; 12,25; 13,20; 2 Мојс 24,8; Мт 7,6; 26,28; 1 Кор 6,11; 11,27; Ефес 4,30тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној што Го по­га­зил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот преку која е осветен и Го по­хулил Духот на благодатта? 30#5 Мојс 32,35.36; Пс 135,14; Рим 12,19Зашто ние Го знаеме Оној што ре­кол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе платам“, вели Господ. И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.“ 31#Мт 10,28; 2 Кор 5,11Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог! 32Потсетувајте се на вашите пора­нешни денови кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во стра­дањата, 33#1 Кор 4,9; Фил 4,14било затоа што бевте изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои исто така стра­даа, 34#11,16; 13,3; 1 Птр 1,4-5зашто и на оковите мои се со­жа­лив­те и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот. 35#4,16; 11,6И така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда. 36#6,12.15; Лк 8,15; 21,19Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Бож­ја, да го добиете ветеното; 37#Ис 26,20; Авак 2,3; Откр 22,20зашто уште малку, сосем малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да за­доц­ни. 38#Авак 2,4; Рим 1,17; Гал 3,11А праведниот преку верата ќе биде жив; Јас не се радувам за ниеден кој отстапува.“ 39#1 Птр 1,9Ние, пак, не сме од оние што от­ста­пуваат и гинат, туку од оние кои веруваат и се спасуваат.

Селектирано:

Евреите 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност