Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 9:1-17

Создавање 9:1-17 MK2006

Тогаш Бог го благослови Ное и синовите негови, и им рече: „Пло­дете се и множете се, и полнете ја земјата! А сите земни животни и сите небески птици, и сѐ што лази по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени. Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сѐ ви давам, како што ви ги бев дал зелените билки. Само не смеете да ги јадете живите суштества додека во нив има душа, односно крв! А за вашата крв, во која е вашиот живот, ќе барам сметка; од секој ѕвер ќе ја барам; ќе ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов; кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот е создаден според образот Божји. Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја!“ И му рече Господ на Ное и синовите негови со него, велејќи: „А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите земни ѕверови, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни; го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!“ И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија: божилак Свој поставувам во обла­кот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата. Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се појави божилакот во облакот, и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот. Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“ И му рече Бог на Ное: „Тоа е зна­кот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, што е на земјата!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност