Натопувањето на земјата потраја четириесет дена; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата; водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, а ковчегот пловеше по површината на водата. И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо; петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри. Тогаш го изгуби животот секое суштество што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе; сѐ, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре. И се истреби секое суштество, што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небески – сѐ беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот. А водата беше над земјата сто и педесет дена.
Прочитај Создавање 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 7:17-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа