Еве го животот на Ное: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше според Божјата волја. И му се родија на Ное три сина: Сим, Хам и Јафет. А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда. И погледна Бог на земјата, и ете – таа беше расипана: бидејќи секое суштество беше се отклонило од својот пат на земјата. И му рече Бог на Ное: „Крајот на секое суштество дојде пред очите Мои, зашто земјата се исполни со нивните злодела; и, еве, Јас ќе ги истребам од земјата. Изгради си за себе ковчег од дрвото гофер, и направи прегради во ковчегот; потоа намачкај го со смола однатре и однадвор.
Прочитај Создавање 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 6:9-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа