И Господ виде дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се умножуваа, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Господ што го беше создал човекот на земјата, па се натажи во срцето Свое. И рече Господ: „Ќе ги истребам од земјата луѓето што сум ги создал – од човекот до добитокот, малите гадинки и небеските птици – бидејќи се каам што ги создадов.“ Но Ное најде милост во очите на Господ.
Прочитај Создавање 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 6:5-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа