Јаред, пак, поживеа сто шеесет и две години и го роди Енох; а откако го роди Енох, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. Сите денови, пак, од животот на Јаред изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре. Енох, откако поживеа шеесет и пет години, го роди Метушелах; а по раѓањето на Метушелах, Енох живееше според волјата Божја триста години, раѓајќи синови и ќерки. А сите денови на Енох изнесуваа триста шеесет и пет години. И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде.
Прочитај Создавање 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 5:18-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа