Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 5:1-32

Создавање 5:1-32 MK2006

Ова е родослов на Адам: Кога Бог го создаде човекот, го создаде спо­ред образот Божји. Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човечки суш­тества – во денот кога беа создадени. Адам поживеа сто и триесет години, кога му се роди син според подобието негово и според образот негов, и му даде име Сит. А откако го роди Сит, Адам по­живеа уште осумстотини години, ра­ѓајќи синови и ќерки. И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа деветстотини и три­есет години; потоа тој умре. Сит, пак, поживеа сто и пет години и му се роди Енох. По раѓањето на Енох, Сит живееше уште осумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки; така поживеа Сит вкупно деветстотини и дванаесет години и потоа умре. Енох, пак, имаше деведесет години, кога му се роди Каинан. А откако го роди Каинан, Енох живееше уште осумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки; и така сите денови на Енох изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре. Каинан, пак, поживеа седумдесет години и го роди Махалалеил; а по раѓањето на Махалалеил Ка­инан живееше уште седумстотини и четириесет години, раѓајќи синови и ќерки. И така Каинан поживеа вкупно де­ветстотини и десет години; и умре. А Махалалеил поживеа шеесет и пет години, и го роди Јаред. По Јаредовото раѓање Махалалеил живееше уште осумстотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. А сите денови од животот на Махалалеил беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре. Јаред, пак, поживеа сто шеесет и две години и го роди Енох; а откако го роди Енох, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. Сите денови, пак, од животот на Јаред изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре. Енох, откако поживеа шеесет и пет години, го роди Метушелах; а по раѓањето на Метушелах, Енох живееше според волјата Божја триста години, раѓајќи синови и ќерки. А сите денови на Енох изнесуваа триста шеесет и пет години. И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде. Матусал, пак, поживеа сто осумдесет и осум години, и го роди Ламех; па, откако го роди Ламех, Метушелах живееше уште седумстотини осумдесет и две години, раѓајќи синови и ќерки; а сите денови од животот на Метушелах беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре. Ламех, пак, откако поживеа сто осумдесет и две години, доби син. И го нарече Ное, велејќи: „Овој ќе нѐ утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ ја проколна.“ А откако се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини деведесет и пет години, раѓајќи синови и ќерки. Така поживеа Ламех вкупно седумстотини седумдесет и седум години; и умре. Ное имаше петстотини години, кога ги роди: Сим, Хам и Јафет.