Сите, кои дојдоа со Јаков во Египет и кои беа излегле од бедрата негови, освен жените на синовите Јаковови, беа вкупно шеесет и шест души. И двајцата синови Јосифови, што му се родија во Египет; значи, сите луѓе од домот на Јаков, кои дојдоа во Египет, беа седумдесет. Тој го прати Јуда кај Јосиф пред себе, за да им го покаже патот за Гесем. И дојдоа во земјата Гесем. Тогаш Јосиф ја впрегна колата своја, и му излезе во пресрет на Израел, таткото свој, во Гесем; и кога го виде, му се обеси околу вратот, и плачеше долго на вратот негов. Потоа Израел му рече на Јосиф: „Сега, бидејќи со свои очи видов дека си жив, можам да умрам.“ А Јосиф им рече на браќата свои и на целата фамилија Јаковова – „Одам да му соопштам на фараонот и ќе му речам: ‚Браќата мои и семејството на таткото мој, кои беа во хананската земја, дојдоа кај мене. Тие се луѓе овчари; отсекогаш се занимавале со сточарство; и го доведоа со себе ситниот и крупниот добиток свој и сѐ што имаа.‘ Ако, пак, фараонот ве повика и ве праша: ‚Каква работа работите?‘ вие кажете: ‚Сточари се слугите твои уште од младини па досега, и ние и татковците наши‘ – за да останете во земјата Гесем. Зашто Египќаните сите овчари ги сметаат за нечисти.“
Прочитај Создавање 46
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 46:26-34
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа