Создавање 40:1-8
Создавање 40:1-8 MK2006
Потоа се случи, винарот на царот египетски и пекарот да му згрешат на господарот свој, царот египетски. И фараонот се разгневи над тие двајца дворјани, на главниот винар и на главниот пекар, па ги стави под стража во куќата на заповедникот на стражата, во затворот, во местото каде што беше затворен Јосиф. А заповедникот на стражата му ги предаде на Јосиф, тој да се грижи за нив. И тие останаа таму некое време. И обајцата сонија сон во иста ноќ, секој со особено значење, и винарот и пекарот на царот египетски, кои беа затворени во темницата. А утредента, кога дојде Јосиф кај нив, ги виде. Па ги запраша дворјаните фараонови, кои беа под стража заедно со него во куќата на господарот негов, и рече: „Што ви се денес лицата толку нажалени?“ А тие му одговорија: „Обајцата сонивме сон, а нема кој да ни го протолкува.“ Јосиф им рече: „Зар толкувањето не е преку Бога? Раскажете ми ги!“

