А Каин му рече на Господ: „Казната моја е толку голема, што не може да се носи. Ете, денес ме истеруваш од плодната земја, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам прогонет и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, може да ме убие.“ А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!“ И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне. И си отиде Каин од пред лицето на Господ, и се насели како прогонет во земјата Нод, источно од Едем.
Прочитај Создавање 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 4:13-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа