Потоа Адам легна со жената своја Ева, која зачна и го роди Каин, и рече: „Придобив човек од Господ!“ Го роди уште и братот негов Авел. И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец. По некое време Каин Му принесе на Господ дар од земните плодови; а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од нивната маст. И Господ погледна благонаклоно на Авел и на неговите дарови; а на Каин и на неговите дарови не погледна благонаклоно. Затоа Каин многу се разлути, и лицето му се намршти. Тогаш Господ му рече на Каин: „Зошто се лутиш? Зошто се помрачи лицето твое? Зарем, кога правиш добро, не си ведар во лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата; тој те влече кон себе, но ти надвладај го!“ И му рече Каин на својот брат Авел: „Да појдеме в поле!“ А кога беа во полето, Каин скокна на својот брат Авел, и го уби. Тогаш Господ му рече на Каин: „Каде е братот твој, Авел?“ А тој одговори: „Не знам; зарем јас сум чувар на брат ми?“
Прочитај Создавање 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 4:1-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа