Исав истрча пред него и го прегрна, па му се обеси околу вратот и го бакна, и заплакаа. Исав, пак, кревајќи ги очите, ги виде жените и децата, па рече: „Кои ти се овие?“ А Јаков одговори: „Деца, со кои Бог го дарува слугата твој.“ Тогаш пристапија слугинките со децата свои, и се поклонија. Потоа пристапија Лија и децата нејзини, и се поклонија; а најпосле пристапија Јосиф и Рахила, и се поклонија. А Исав рече: „Зошто ти се сите оние луѓе, што ги сретнав?“ Јаков одговори: „За да најдам милост пред очите на господарот мој.“ Исав, пак, рече: „Има, брате, кај мене доста; нека ти остане тебе она што е твое.“ Но Јаков рече: „Ако најдов милост пред очите твои, прими го дарот од мојата рака, зашто кога го видов лицето твое дека убаво ме пречекува, како да го бев видел Божјото лице. Прими го дарот мој, што го донесов; бидејќи изобилно ме обдари Бог, и имам сѐ.“ И настојуваше на него и тој го прими.
Прочитај Создавање 33
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 33:4-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа