Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 32:22-32

Создавање 32:22-32 MK2006

Така даровите тргнаа пред него, а тој преноќева таа ноќ кај таборот свој. И ноќта стана, па откако ги зеде обете жени свои и обете слугинки и еди­наесетте синови свои, го премина потокот Јавок на едно плитко место. А откако нив ги зеде и ги преведе преку потокот, пренесе и сѐ друго што имаше. А кога остана Јаков сам, тогаш Некој се бореше со него до зори. И кога виде дека не може да го совлада, му го стегна зглобот на бедрото негово, така што на Јаков му се измести колкот од зглобот додека се бореше со Него. Па тогаш рече: „Пушти Ме веќе, зора е!“ Но Јаков одговори: „Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш!“ И му рече: „Како се викаш?“ А тој одговори: „Јаков.“ Тогаш му рече: „Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израел; зашто се бореше со Бога, и со луѓето и ги победи.“ А Јаков праша и рече: „Кажи ми го името Твое!“ А Тој одговори: „Зошто прашуваш за името Мое?“ И го благослови таму. И Јаков го нарече она место со името Пениел, зашто рече: „Бога Го видов лице в лице, и останав жив.“ А сонцето беше изгреало кога го помина Пениел, и накривнуваше поради повредениот колк.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Создавање 32:22-32

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност