Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 31:1-16

Создавање 31:1-16 MK2006

Во тоа време чу Јаков дека синовите Лаванови зборуваат: „Јаков зеде сѐ што беше на нашиот татко, и од она што беше на нашиот татко, го доби тоа цело богатство.“ И виде Јаков дека лицето на Лаван не е спрема него како порано. И Господ му рече на Јаков: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!“ Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахила и Лија од полето, каде што беа со стадото, и им рече: „Гледам дека лицето на вашиот татко спрема мене не е како порано; но Бог на таткото мој беше со мене. Вие самите знаете дека на вашиот татко му служев со сета своја сила, а таткото ваш ме мамеше и десетпати ми ја промени платата, но Бог не му дозволи да ми направи зло. Кога тој ќе речеше – секоја шарена нека биде твоја награда, – тогаш сиот добиток раѓаше шарени. А кога ќе речеше – секоја ригеста да ти биде плата – тогаш сите се раѓаа ригести. Така Бог го одзеде добитокот од вашиот татко и ми го даде мене. Еднаш, кога се пареше добитокот, ги кренав очите мои и видов сон, а тоа: овните и јарците што скокаа на овците и козите беа ригести, дамчести и шарени. И ангел Божји ми рече во сонот: ‚Јакове!‘ А јас одговорив: ‚Еве ме!‘ А тој рече: ‚Крени ги очите твои и погледај, машките што со ситниот добиток се парат, се ригести, со бели дамки и шарени; зашто гледам сѐ што ти прави Лаван. Јас сум Бог, за Кој во Ветил го полеа споменикот со масло и ми даде ветување; стани сега и оди си од оваа земја, и врати се во родниот крај.‘“ Тогаш одговорија Рахила и Лија, и му рекоа: „Дали имаме уште некаков дел наследство во домот од таткото наш? Зарем не нѐ сметаше како туѓинки? Тој нѐ продаде и го потроши дури и нашето сребро. Затоа сето ова богатство, што му го зеде Бог на таткото наш, е наше и на нашите деца. Затоа сега прави онака како што ти рекол Бог.“