Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 3:17-24

Создавање 3:17-24 MK2006

Па потоа му рече на Адам: „Би­дејќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот; трње и бодлики ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ Адам ја нарече својата жена Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи. А Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив. И Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега, да не ја испружи раката своја и да земе пак од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!“ Тогаш Господ Бог го изгони од Едем­ската градина, за да ја обработува земјата, од која беше земен. Откако, пак, го изгони Адам, по­с­та­ви на исток пред градината Едем хе­рувим и огнен меч, кој се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.