Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 26:6-11

Создавање 26:6-11 MK2006

И се насели Исак во Герар. А луѓето во тоа место прашуваа за жената негова, а тој велеше – сестра ми е – зашто се плашеше да каже – жена ми е – за да не го убијат луѓето од тоа место заради Ревека, бидејќи таа беше убава. Но откако мина многу време, Ави­мелех, царот филистејски, погледна низ прозорец, и виде како Исак се забавува со Ревека, жената своја. И го викна Авимелех Исак и му рече: „Па, таа ти била жена; а зошто ре­че – сестра ми е?“ – А Исак му одго­вори: „Зашто помислив дека ќе загинам поради неа.“ Авимелех тогаш му рече: „Што ни направи? Лесно можеше да се случи некој од надвор да легне со твојата жена, и ќе нѐ воведеше во грев.“ И му заповеда Авимелех на сиот народ свој, велејќи: „Кој ќе се допре до овој човек или до жената негова, ќе загине!“