Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 24:11-21

Создавање 24:11-21 MK2006

И ги остави камилите надвор од градот, покрај изворот, приквечер кога жените излегуваат да полнат вода. И рече: „Господи, Боже на господарот мој Авраам, испрати ми ја денес во пресрет онаа, која ја барам, и направи му милост на господарот мој Авраам. Еве, јас ќе стојам крај овој извор, и ќерките на градските жители ќе дојдат да налеат вода. И на која девојка ќе ѝ речам – ‚Наведни ја стомната своја да пијам‘ – а која ќе рече – ‚На, пиј, и камилите твои ќе ги напојам‘, неа си ја определил за слугата Твој Исак; и по тоа ќе разберам дека му правиш милост на господарот мој.“ И додека тој уште зборуваше во себе, а ете Ревека, ќерката на Ветуил, синот на Милка, жената на Нахор, чиј брат е Авраам, дојде со стомната на рамо. А беше многу убава девојка, која маж уште не ја беше познал. Таа слезе при изворот, ја наполни стомната, па појде угоре. Тогаш слугата излезе пред неа и рече: „Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја!“ А таа одговори: „Еве, пиј, господаре.“ И брзо ја спушти стомната на раката своја, и му даде да пие, чекајќи додека не се напие. А кога се напои, му рече: „И на камилите твои ќе им налевам додека не се напијат.“ И веднаш ја истури стомната своја во поилото, и пак отрча до изворот да ја наполни, и им налеа на сите камили негови. А човекот ја гледаше со восхит и молкум, сакајќи да узнае дали го бла­гословил Господ патот негов или не.