И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исак, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата. Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој, но ангел Господов викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ И ангелот продолжи: „Не кревај ја раката своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали ни синот свој единец заради Мене.“ И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа – зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој. И го нарече Авраам ова место: „Јахве Јерае“. Затоа и денес се вели: „На горичката Господ се јави.“ А ангелот Господов повторно го викна од небото Авраам, и рече: „Се колнам во Себе – вели Господ – кога така направи, и не го пожали синот свој единец, заради Мене, Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како песокот на морскиот брег! А потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои. И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша Мојот глас.“ Тогаш Авраам се врати кај слугите свои, и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И живееше Авраам во Вирсавија.
Прочитај Создавање 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 22:9-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа