Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 22:6-14

Создавање 22:6-14 MK2006

И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце оган и нож; па отидоа обајцата заедно. Тогаш му рече Исак на Авраам, тат­кото свој: „Татко!“ А тој одговори: „Што е, синко!“ А тој рече: „Ете оган и дрва, а каде е јагнето за жртва?“ А Авраам одговори: „Бог ќе си прибави, синко, јагне за жртва.“ И обајцата го продолжија патот заедно. И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исак, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата. Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој, но ангел Господов викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ И ангелот продолжи: „Не кревај ја раката своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали ни синот свој единец заради Мене.“ И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа – зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој. И го нарече Авраам ова место: „Јахве Јерае“. Затоа и денес се вели: „На горичката Господ се јави.“