По тие настани Бог, искушувајќи го Авраам, рече: „Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“ Бог продолжи: „Земи го синот твој единец Исак, кого што многу го сакаш, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!“ И утредента рано, откако стана, Авраам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исак, синот свој; па, откако нацепи дрва за жртвата, се крена, и појде на местото, за кое му рече Бог. На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Авраам го здогледа местото оддалеку. И им рече Авраам на слугите свои: „Останете вие овде со магарето, а јас и детето ќе одиме онаму, па откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас.“
Прочитај Создавање 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 22:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа