Виде Сара дека синот на Агара Египќанката, што му го роди таа на Авраам, се потсмева, па му рече на Авраам: „Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исак!“ А тоа на Авраам му причини голема мака, поради синот негов. Но Бог му рече на Авраам: „Нека не ти е криво заради детето и робинката! Сѐ што ќе ти рече Сара, послушај го гласот нејзин, зашто по Исак ќе произлезе потомството твое.
Прочитај Создавање 21
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 21:9-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа