Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 21:22-34

Создавање 21:22-34 MK2006

Во тоа време Авимелех, во при­друж­ба на Пихол, војводата негов, му рече на Авраам: „Бог е со тебе во сѐ што правиш. А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на синот мој, ниту на внукот мој; туку дека ќе постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што постапував јас со тебе.“ И рече Авраам: „Се заколнувам!“ Тогаш Авраам го прекори Ави­ме­лех за изворот што го беа присвоиле слугите Авимелехови. А Авимелех рече: „Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.“ А Авраам зеде ситен и крупен до­биток, и му ги подари на Авимелех, и тие двајца склопија сојуз. Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото. А Авимелех му рече на Авраам: „Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?“ Авраам, пак, одговори: „Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец.“ Затоа она место се нарече Вир­са­вија, бидејќи тука се заколнаа обајцата. Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех и Пихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата филистеј­ска. И Авраам насади шумичка во Вир­савија, и таму го призва името на Гос­под, Вечниот Бог. Авраам живееше во земјата филистејска како придојден долго време.