Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 2:8-17

Создавање 2:8-17 MK2006

И Господ Бог насади рајска градина на исток; и таму го насели човекот што го создаде. И Господ Бог направи да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото. Од Едем извираше река за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше на други четири реки. Името на едната е Пишон; таа тече околу целата Хевилска земја, каде што има злато. Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс. А на втората река името ѝ е Гион; таа тече околу целата земја Куш. Името, пак, на третата река е Тигар; таа тече на исток од Асирија. Четвртата река е Еуфрат. И го зеде Господ Бог човекот, го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува. И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Создавање 2:8-17

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност