А уште не беа никнале полски грмушки и земни тревки, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек кој ќе ја обработува земјата, но се креваше пара од земјата и ја оросуваше површината на целата земја. И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа. И Господ Бог насади рајска градина на исток; и таму го насели човекот што го создаде. И Господ Бог направи да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото.
Прочитај Создавање 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 2:5-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа