А еве го родословието на Тара: Тара ги роди Аврам, Нахор и Аран; а Аран го роди Лот. Аран умре кај таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски. А Аврам и Нахор се оженија; името на жената Аврамова беше Сараја, а на жената Нахорова името ѝ беше Милка, ќерка на Аран, татко на Милка и Иска. Сараја беше неплодна и немаше пород. И го зеде Тара синот свој, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сараја, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата хананска; и дојдоа до Харан, каде што и се населија. И поживеа Тара двесте и пет години; и умре Тара во Харан.
Прочитај Создавање 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 11:27-32
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа