Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 1:26-31

Создавање 1:26-31 MK2006

Потоа Бог рече: „Да создадеме чо­век според Нашиот образ, според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!“ И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и ов­ла­дајте ги морските риби, и небеските птици, и сите животни што лазат по земјата!“ И Бог рече: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна! А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана. И Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро. И настапи вечер, и настапи утро – шести ден.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Создавање 1:26-31

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност