Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 2:11-21

Галатјаните 2:11-21 MK2006

А кога дојде Кифа во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто бе­ше заслужил осудување. Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незна­бош­ците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се плашеше од об­резаните. Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицеме­рие беше заведен дури и Варнава. А кога видов дека тие не постапува­ат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како нез­на­бош­ците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да жи­ве­ат јудејски?“ Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците. Но знаеме дека човекот не се оп­равдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. За­тоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда. Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме греш­ни­ци, не е ли тогаш Христос слуга на гре­вот? Тоа никако! Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник; преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­да­де за мене. Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.