Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека прекумерно ја гонев Божјата црква и ја разорував; и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за татковските преданија. Кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незнабошците, – веднаш, не го прашав ни телото, ниту крвта, ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск. А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и останав кај него петнаесет дена. А, пак, од апостолите не видов никој друг, освен Јаков, братот Господов. А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам. А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски. На Христовите цркви во Јудеја лично не им бев познат, туку само беа слушале дека оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја проповеда верата што порано ја разорувал. И Го прославуваа Бога за мене.
Прочитај Галатјаните 1
Слушни за Галатјаните 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 1:13-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа