Потоа вратените од пленство прославија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец, зашто свештениците и левитите се беа очистиле, – тие сите до еден беа чисти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите браќа свештеници и за себеси. И јадеа синовите Израелови што се беа вратиле од пленство, и сите што се беа откажале од нечистотијата на народите на земјата за да Му се поклонат на Господ, Бог Израелов. А го празнуваа со радост и празникот Бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврте кон нив срцето на асирскиот цар за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господ, Бог Израелов.
Прочитај Ездра 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ездра 6:19-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа