Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 45:18-25

Езекиел 45:18-25 MK2006

Така вели Господ Бог: во првиот месец, на првиот ден од месецот, земи од стадото волови јунец без недостаток и очисти го светилиштето. Свештеникот нека земе крв од таа жртва за грев и со неа нека ги пороси довратниците на храмот и рамнинката на жртвеникот на четирите агли, а и довратниците на внатрешниот двор. Тоа исто направи го и во седмиот ден од месецот за оние кои намерно и од незнаење грешат, па така очисти го храмот. На четиринаесеттиот ден од првиот месец треба да празнуваш Пасха, седмодневен празник кога ќе се јадат бесквасни лебови. Во тој ден кнезот ќе принесе за себе и за сиот народ во земјата жртва – еден јунец за грев. И во тие седум дена на празникот тој ќе Му принесува на Господ сепаленица секој ден, по седум јунци и по седум овни без недостаток, а и жртва за грев секој ден – по еден козел од стадото кози. Лебен принос ќе принесува по ефа на јунец и по ефа на овен, и масло по хин од ефа. Во седмиот месец, на петнаесеттиот ден од месецот, на празникот, во текот на седумте дена тој треба да принесува исто таква жртва за грев, таква сепаленица, и толку лебен принос и толку масло.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Езекиел 45:18-25

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност