И ме доведе пред вратата, пред онаа врата што е кон исток. А таму, ете, славата на Израеловиот Бог доаѓаше од исток и гласот Негов беше како шум од многу води и земјата светна од славата Негова. Тоа видение беше исто, какво што видов порано, исто такво како што видов, кога одев да ја соопштам погибелта на градот; тие виденија беа слични на виденијата што ги видов кај реката Кевар, и јас паднав ничкум. А славата Господова влезе во храмот низ вратата, свртена кон исток. Тогаш ме подигна духот и ме воведе во внатрешниот двор, а таму славата Господова беше го исполнила целиот храм.
Прочитај Езекиел 43
Сподели
Спореди ги сите верзии: Езекиел 43:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа