Затоа, вака вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ве судам меѓу овца згоена и овца слаба. Бидејќи со слабините и плеќите се туркате, а со роговите ги бодете сите слаби додека не ги истерате надвор. Но Јас ќе ги спасам овците Мои и тие нема веќе да бидат разграбувани, и ќе пресудам меѓу овца и овца. И ќе поставам над нив еден пастир, што ќе ги пасе, слугата Мој Давид; тој ќе ги пасе и тој ќе им биде пастир. И Јас, Господ, ќе бидам нивни Бог, а Мојот слуга Давид ќе биде нивни кнез. Јас, Господ, го реков ова.
Прочитај Езекиел 34
Сподели
Спореди ги сите верзии: Езекиел 34:20-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа