Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 3:16-27

Езекиел 3:16-27 MK2006

А кога заминаа седумте дена, дојде до мене слово Господово: „Сине човечки, Јас те поставив за стражар над домот Израелов, и ти ќе го слушаш словото од устата Моја, и ќе ги опоменуваш во Мое име. Кога ќе му речам на беззаконикот: ‚Бездруго ќе умреш!‘, а ти не го опо­менеш и не зборуваш, за да го одвратиш беззаконикот од неговиот грешен пат, за да биде жив, – тогаш тој беззаконик ќе умре во беззаконието свое, но крвта негова Јас ќе ја барам од рацете твои. А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ќе умре во беззаконието свое, а ти ќе си ја спасиш душата своја. И, ако праведник отстапи од правдата своја и постапи грешнички, кога Јас ќе му ставам сопка, и умре, ако не си го предупредил, тој ќе умре поради гревот свој, и нема да му се примаат праведните дела, што ги направил; но крвта негова ќе ја барам од твоите раце. Ако го опоменеш праведникот, за да не греши, и тој не греши, тогаш и тој ќе биде жив, затоа што си го преду­п­редил и ти ќе си ја спасиш душата своја.“ И беше таму врз мене пак раката Господова, и Тој ми рече: „Стани и из­лези во полето; Јас ќе зборувам таму со тебе.“ Станав, и излегов во полето, и ете, таму беше славата Господова, како славата, што ја видов при реката Кевар; и паднав ничкум. И влезе во мене Духот и ме исправи на нозе, и Тој говореше со мене и ми рече: „Оди и затвори се во домот твој. Сине човечки, ете, ќе ти стават вериги, и ќе те врзат во нив, и не ќе можеш да излегуваш меѓу нив. А јас ќе ти го залепам јазикот твој за непцето, и ти ќе онемееш, и не ќе можеш да ги укоруваш, зашто тие се дом отстапнички. А кога Јас ќе зборувам со тебе, тогаш ќе ти ја отворам устата твоја и ти ќе им зборуваш: вака вели Господ Бог! Кој сака да слуша, нека слуша; а кој не сака да слуша – нека не слуша; зашто тие се дом отстапнички.“