И дојде слово Господово до мене: „Сине човечки, плачи за тирскиот цар и кажи му: – вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината. Ти беше во Едем, во Божјата градина; твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, берил, оникс, јаспис, сафир, тиркиз, смарагд и злато, сите вешто исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден. Ти беше помазан херувим – заштитник, и Јас те поставив за тоа; ти беше на светата Божја гора, одеше среде огнени камења. Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, сѐ додека не се најде во тебе беззаконие. Од твојата обилна трговија се исполни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме – заштитник, среде огнени камења. Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас те соборив на земја, те предадов на потсмев пред царевите.
Прочитај Езекиел 28
Сподели
Спореди ги сите верзии: Езекиел 28:11-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа