Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 22:23-30

Езекиел 22:23-30 MK2006

И дојде слово Господово до мене: Сине човечки, кажи му: „Ти си земја неисчистена, неполивана со дожд во гневен ден.“ Пророците нејзини се огласија како лав што рика, кој го раскинува пленот; тие јадат души, одземаат имоти и драгоцености и со тоа го умножуваат бројот на вдовиците. Свештениците нејзини го нарушу­ваат Мојот закон и ги осквернуваат Моите светињи, не одвојуваат свето од несвето и не прават разлика меѓу чисто и нечисто; од саботите Мои ги покриваат очите свои, и Јас сум понизен меѓу нив. Кнезовите нејзини се како волци, кои грабаат плен, проливаат крв, по­губуваат души за да придобијат корист. А пророците нејзини сѐ замач­куваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејќи: „Така вели Господ Бог“, иако Господ не рекол така. А меѓу народот се угнетуваат еден со друг, грабаат и присилуваат беден и сиромав, и неправедно угнетуваат придојден. Јас барав кај нив човек, кој ќе ги обнови ѕидините, да застане пред Мене во одбрана на оваа земја да не ја сотрам, но не најдов.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Езекиел 22:23-30

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност