А вие, доме Израелов, така вели Господ Бог – секој од вас оди кај идолите свои и им служи, не слушајќи Ме Мене, но не осквернувајте го повеќе светото име Мое, со вашите дарови и со вашите идоли, зашто на Мојата света гора, на високата планина Израелова – вели Господ Бог – таму ќе Ми служи сиот Израелов дом, целиот, колку што го има на земјата; таму ќе ги примам со благоволение и таму ќе ги побарам приносите ваши и првините ваши со сите ваши светињи. Ќе ве примам како благопријатно кадиво, кога ќе ве изведам од народите и ќе ве соберам од земјите, по кои сте распрснати и ќе ја покажам Својата светост меѓу вас пред очите на народите. Па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе ве воведам во земјата Израелска – во земја, за која се заколнав на татковците ваши, откако ја подигнав раката Своја. И ќе се сетите таму за вашите патишта и за сите ваши дела, со кои се осквернувавте, па ќе се гадите од самите себе, за сите ваши злодела, што сте ги вршеле. И ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе почнам да постапувам со вас заради името Свое, не според вашите лоши патишта и вашите развратни дела, доме Израелов, вели Господ Бог.“
Прочитај Езекиел 20
Сподели
Спореди ги сите верзии: Езекиел 20:39-44
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа