Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 18:20-32

Езекиел 18:20-32 MK2006

Душата, која згрешила, ќе умре; синот нема да го понесе гревот на татко си, и таткото нема да го понесе гревот на синот свој, правдата на праведниот кај него си останува и беззаконието на грешникот кај него си останува. И грешникот, ако се одврати од си­те свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува законски и праведно, ќе биде жив, нема да умре. Сите негови престапи, што ги пра­вел, нема да му се спомнуваат; во правдата своја, што ќе ја врши, тој ќе биде жив. Зар Јас сакам смрт за грешникот? вели Господ Бог. Напротив, Јас сакам – тој да се откаже од патиштата свои и да биде жив. И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги вр­ши грешникот, ќе биде ли жив? Сите негови добри дела, што ги правел, нема да бидат спомнати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ќе умре. Но вие велите: ‚не е исправен патот Господов‘. Послушајте, доме Израелов, зар Мојот пат не е исправен? Зар ва­шите патишта не се неисправни? Ако праведникот отстапува од правдата своја и врши беззаконија и затоа умира, тој умира поради гревот што го направил. И грешникот, ако се откаже од беззаконието свое што го вршел, па од­ржува закон и правда – ќе ја врати ду­шата своја кон живот. Зашто тој видел и се откажал од сите свои престапи, какви што напра­вил: ќе биде жив, нема да умре. А домот Израелов вели: ‚не е прав патот Господов!‘ Не се ли прави доме Израелов, Моите патишта? Па зар се прави вашите патишта? Затоа Јас ќе ви судам вам, доме Из­раелов, секого според делата негови, вели Господ Бог; покајте се и оттргнете се од вашите престапи, та вашето не­честие да не ви биде вам сопка. Отфрлете ги од себе сите свои гре­вови, со кои сте згрешиле, и направете си ново срце и нов дух; и зошто да умирате, доме Израелов? Зашто Јас не сакам никој да умре, вели Господ Бог; но поправете се – и живејте!“