Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 16:1-14

Езекиел 16:1-14 MK2006

И дојде слово Господово до мене: „Сине човечки, кажи му ги на Ерусалим неговите гадотии. И речи – вака ѝ вели Господ Бог на ќерката ерусалимска: – твојот корен и твојата татковина се во хананската земја; таткото твој е Амореец, а мајка ти е Хитијка; при твоето раѓање – во денот кога се роди – папокот ти го пресекоа, со вода не те измија заради очистување, со сол не те посолија и во пелени не те повија. Ничие око не се смили на тебе, та од милост кон тебе да ти направат нешто од тоа; но те фрлија во полето од пре­зир кон твојот живот во денот на твоето раѓање. Минував јас покрај тебе и те видов оставена како преташ во крвта твоја, па ти реков: ‚Живеј!‘ Додека беше во крв, ти реков ‚Живеј!‘ Се размножи како растенијата во полето; порасна, стана голема и се здоби со голема убавина: твоите гради се надигаа, а и косата ти порасна; но беше гола и непокриена. Минував покрај тебе и те видов, и ете, твоите години беа години за љубење; ги прострев полите од облеката Своја врз тебе и ја покрив голотијата твоја; па ти се заколнав и стапив во со­јуз со тебе, вели Господ Бог – и ти стана Моја. Те измив со вода, и ја измив од тебе крвта и те помазав со масло. Ти облеков везена облека и ти обув сандали од мека кожа, те опашав со висон и те покрив со свилен превез. Те искитив со накити и ти ставив гривни на рацете, а околу вратот – ѓердан. Ти ставив и прстен на носот, обетки на ушите, а на главата твоја – прекрасен венец. И така, ти беше украсена со злато и сребро, а облеката ти беше висон, свила и везена ткаенина; се хранеше со леб од најдобро пченично брашно, со мед и масло, и беше многу убава, за царица достојна. И се разнесе славата твоја меѓу на­родите поради твојата убавина, зашто таа претставуваше полно совршенство со Мојот накит, со кој те искитив – вели Господ Бог.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Езекиел 16:1-14

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност