Тогаш им рече Мојсеј на синовите израелски: „Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.“ И го исполни со Божји Дух, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност; да изработува планови, и да прави работи од злато, сребро и бакар; да реже камења, да реже и обработува дрво, и да прави секакви уметнички работи; а вложи во неговото срце и во срцето на Охолијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други. Ги обдари со умешност да вршат секаква работа, на ковач, уметник и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина и ткајачи, кои прават секакви работи и изработуваат уметнички планови.
Прочитај Излез 35
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 35:30-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа