А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од логорот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доаѓаше во скинијата на собранието, која се наоѓаше надвор од логорот. И кога Мојсеј тргнуваше кон скинијата, сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеј, додека не влезе во скинијата. А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеј. И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се поклонуваше пред влезот на својот шатор.
Прочитај Излез 33
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 33:7-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа