Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 3:17-22

Излез 3:17-22 MK2006

И реков: ‚Ќе ве изведам од маките египетски во земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Евејците, и Јевусијците, во земја каде што тече мед и млеко!‘ И тие ќе го послушаат гласот твој; а ќе отидеш ти и израелските старе­шини кај царот египетски, и ќе му речете: ‚Господ, Бог на Евреите, нѐ по­вика да појдеме на три дена пат во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог.‘ А Јас знам дека царот египетски нема да ви дозволи да излезете, ако не го натера силна рака. Но ќе ја пружам раката Своја, и ќе го притиснам Египет со сите Мои чудеса, што ќе ги направам таму; потоа ќе ве пушти. И ќе му дадам милост на овој народ кај Египќаните, така што, кога ќе појдете, нема да појдете со празни раце. Туку секоја жена нека побара од сосетката своја и од онаа што живее во домот нејзин сребрени и златни предмети и облека; и ќе ги украсите со нив синовите ваши и ќерките ваши, и така ќе го ограбите Египет.“