Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 3:13-22

Излез 3:13-22 MK2006

А Мојсеј Му рече на Бога: „Еве, ќе појдам кај синовите израелски и ќе им речам: ‚Бог на татковците ваши ме ис­праќа кај вас.‘ И ако тие ме прашаат: ‚како Му е името‘, што ќе им речам тогаш?“ Бог му одговори на Мојсеј, велејќи: „Јас сум Оној, Кој вечно постои!“ Па продолжи: „Така ќе им кажеш на синовите израелски: ‚Оној, Кој вечно постои, ме испрати кај вас.‘“ И пак му рече Бог на Мојсеј: „Вака кажи им на синовите израелски: ‚Господ Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено.‘ Оди и собери ги израелските ста­решини, и кажи им: Господ, Бог на татковците ваши, ми се јави, Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, и ми рече: ‚Ве посетив и видов што ви се прави во Египет.‘ И реков: ‚Ќе ве изведам од маките египетски во земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Евејците, и Јевусијците, во земја каде што тече мед и млеко!‘ И тие ќе го послушаат гласот твој; а ќе отидеш ти и израелските старе­шини кај царот египетски, и ќе му речете: ‚Господ, Бог на Евреите, нѐ по­вика да појдеме на три дена пат во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог.‘ А Јас знам дека царот египетски нема да ви дозволи да излезете, ако не го натера силна рака. Но ќе ја пружам раката Своја, и ќе го притиснам Египет со сите Мои чудеса, што ќе ги направам таму; потоа ќе ве пушти. И ќе му дадам милост на овој народ кај Египќаните, така што, кога ќе појдете, нема да појдете со празни раце. Туку секоја жена нека побара од сосетката своја и од онаа што живее во домот нејзин сребрени и златни предмети и облека; и ќе ги украсите со нив синовите ваши и ќерките ваши, и така ќе го ограбите Египет.“