Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 25:31-40

Излез 25:31-40 MK2006

И направи светилник од чисто зла­то; светилникот нека биде кован; него­виот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови – сите тие од него да излегуваат; шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот; три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има ед­ната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот, а на самиот светилник нека има че­тири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови; едно јаболче под две гранки, од не­го, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки – така под шесте гранки што излегуваат од светилникот. Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато. И направи му седум кандила, и ста­ви ги кандилата негови да светат од предната негова страна; а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато; од еден кикар чисто злато да напра­виш свеќник, со сиот негов прибор. И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.“