Направете ковчег од дрвото шитим, во должина од два и пол лакта, а во ширина еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот; и опкови го со чисто злато: опкови го однатре и однадвор; направи му златен венец околу врвот; и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови долни агли: две алки од едната страна и две алки од другата страна. Направи од дрвото шитим лостови, и опкови ги со злато, и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот; лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив. А во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам.
Прочитај Излез 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 25:10-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа