Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 20:1-16

Излез 20:1-16 MK2006

Тогаш Бог ги кажа сите овие зборови, велејќи: „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен Мене! Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие Ме мразат; Кој покажува милост на илјадници поколенија, што Ме сакаат и ги чуваат Моите заповеди. Не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори Неговото име. Помни го саботниот ден, за да го празнуваш. Шест дена работи, и врши ги во нив сите свои работи; а седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни добитокот твој, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. Зашто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; а во седмиот ден си от­почина: заради тоа Господ го бла­го­слови седмиот ден и го освети. Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог. Не убивај! Не врши прељуба! Не кради! Не сведочи лажно против својот ближен!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност