И фараонот чу за ова, па сакаше да го погуби Мојсеј. Но Мојсеј избега од фараонот и отиде во мидјанската земја, и седна крај еден извор. А свештеникот мидјански, пак, имаше седум ќерки. И тие дојдоа и црпеа вода и ги наполнија поилата, за да го напојат стадото на својот татко. Но дојдоа овчари, и ги истераа, а Мојсеј стана и ги одбрани, им налеа вода и им го напои стадото. Тие се вратија кај таткото свој Рагуил, а тој ги праша: „Зошто толку бргу се вративте денес?“ Тие одговорија: „Еден Египќанец нѐ одбрани од овчарите, дури ни извади вода и ни ги напои овците.“ А тој им рече на своите ќерки: „Па, каде е тој? Зошто сте го оставиле така тој човек? Поканете го да јаде со нас!“ И Мојсеј реши да живее кај тој човек, а тој му ја даде на Мојсеј за жена својата ќерка Ципора. И таа роди син, и му стави име Герешом: „Бидејќи сум – рече – доселеник во туѓа земја.“
Прочитај Излез 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 2:15-22
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа